Откриена измамата – собрале 400 000 долари од хумани луѓе


Бездомникот од Филаделфија, Џони Бобит Помладиот, минатата година го привлекол вниманието на јавноста кога последните 20 долари и ги дал на една жена. И покрај приказната која го воодушевила светот, сега се открила вистинската приказна.

Кејт Меклур останала без гориво таа вечер и не знаела што да прави и каде да се јави.

Џони и купил кантичка со бензин и се погрижил безбедно да стигне дома. Таа за возврат започнала со собирање на пари за Бобит на платформата “GoFundMe” и собрала околу 400.000 долари. Тој така можел да започне нов живот.

Меѓутоа, сега се открило што се крие зад оваа “топла човечка приказна”.

Џони, Кејт и нејзиното момче се договориле како заедно да соберат пари. Ја исмислиле приказната како Кејт била во проблеми таа вечер и започнале кампања за собирање на пари, но не успеале баш да ги ускладат приказните. Сите тројца се уапсени и ги очекува обвинение за кражба и измама. Утврдено е дека тие се познавале најмалку еден месец пред нивната приказна да заврши во медиумите.

Исто така, во август оваа година, Бобит се пожалил дека парот ги измамил. Тогаш тврдел дека тие собирале пари за него, но дека тој немал пристап до парите и дека добил само мал дел. Кејт рекла дека ќе му ги исплати парите кога ќе се откаже од дрога и ќе се доведе во ред. Веќе тогаш нивните тврдења почнале да звучат сомнително, па се вмешале и властите во Филаделфија. Тројцата не можеле да одговорат на многу од прашањата од сограѓаните кои донирале пари, па нивната приказна се срушила како кула од карти.

Џони Бабит во август покрена тужба против нив тврдејќи дека не му ги дале парите. Сега истрагата утврдила дека и самиот Бабит е вклучен во измамата. Целата акција е базирана врз лага , смета обвинителството.

Бескуќникот Бобит сега е во притвор , а другите двајца се пупштени со кауција за да се бранат од слобода. Судењето почнува на 24 ноември.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1