Тело на позната балерина најдено во езеро (ВИДЕО)


Американските истражни органи ги утврдуваат причините за смртта на балерина од Сент Луис , чие тело било најдено во езеро во државата Мисури.

Телото на Рафаела Мари Строик (23) е најдено во средата во езерото ,,Марк Твен” , на 160 километри северозападно од Сент Луис. Нејзиното исчезнување било пријавено во вторникот , кога автомобилот и бил најден покрај градскиот парк. Последен пат била видена во понеделникот во продавница во близина на Сент Луис.

По неа трагаа и доброволци , како и стотина полицајци , а во езерото ја забележал пилот на мал авион , кој се приклучил кон потерата. за сега нема траги на насилна смрт , но полицијата и натаму истражува како починала балерината.

Таа минатата година се приклучила кон балетскиот ансамбл на Сент Луис, а држела и часови по балет во Илиноис.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1