Масовна гробница со тела на неколку десетици Сиријци, измачувани од исламистите од групата „Исламска држава“, откриена е во близина на сирискиот град Дејр ал Зур, пренесе ТАСС, повикувајќи се на сириската агенција Сана.
Според податоците на агенцијата, во гробот имало тела на најмалку 100 лица, вклучувајќи жени и деца.
Според судските лекари тие биле застрелани од терористите.
Гробот е откриен на околу седум километри источно од Дејр ал Зур, во селото Мрат.