Откриена мрачната тајна за сестрата на Кенеди која ја криеле со децении


Велот на мистеријата со години беше обвиен околу Розмери Кенеди, помладата сестра на поранешниот американски претседател Џон Кенеди, која е родена со ментални потешкотии а која по неуспешната лоботомија завршила во институција за душевно болни.

Внукот на Кенеди, Тимоти Шрајвер отворено проговорил за оваа голема семејна тајна. Тој изјавил дека добро се сеќава на својата тетка која живеела се до 2005 година, а која во длабока старост знаела да изговара само неколку зборови, пренесува „Дејли меил“.Rosemary-Kennedy-post-lobotomy

Во својата книга „Fully alive“, која инаку говори за спортистите со инвалидитет тој ја споменал и својата тетка Розмери, и проговорил за нејзиниот живот во најпознатото американско семејство.

Шрајвер открил дека Џо, таткото на Розмери и зачетник на династијата Кенеди, бил тој кој одлучил на Розмери да и биде направена лоботомија и тоа го криел од целото семејство. Кога ги видел резултатите од лоботомијата, бил толку скршен и потресен што не сакал да ја посети до крајот на животот.

 

Кенедиеви биле уверени дека нејзините потешкотии во развојот се резултат на факотот дека останала без воздух при раѓањето, но сите се труделе да ја чуваат таа семејна тајна. Розмери го посетувала истото училиште како и нејзините браќа и сестри и редовно ја вклучувале во сите игри и спортови.

– И додека во семејството сите знаеле за тоа, од семејните пријатели ја криеле оваа тајна. Всушност ни самата Розмери не знаела што не е во ред со неа – напишал Шрајвер и додал:rosemary-kennedy-1-800

– Всушност, целиот тој кодекс на молчење за Розмери ја доведувал самата неа во заблуда, од што често била фрустрирана.
Откако се преселиле во Англија, каде Џо го добил место на американски амбасадор, таа во почетокот уживала во се што ја опкружува, па дури му била претставена на британското високо друштво. Меѓутоа не поминало долго, а Розмери станала насилна, често манифестирајќи необјаснив бес.

Во почетокот на 1941 година Џо одлучил првпат да им с еобрати на докторите за да се посоветува за нејзината состојба:

– Мојот дедо Џо закажа лоботомија за Розмери, а притоа никому не кажал за тоа, ниту на мојата баба, ниту на било кое од децата – напишал Шрајвер.

 

Тој во книгата ја опишал самата процедура која била застраѓувачка. Наводно докторите престанале со операцијата дури кога Розмери престанала да комуницира.

– Резултат на операцијата во нејзиниот случај бил застрашувачки – изјавил Шрајвер.

Таа повеќе не можела да говори, а нејзината подвижност било крајно ограничена. До крајот на животот била осудена на помошта на другите, бидејќи не можела да живее самостојно. На крајот ја сместиле во католичка институција во Висконсин. По се што се случило Џо никогаш не ја посетил, а никој од браќата и сестрите не знаел каде се наоѓа.

 

– Се создаде ѕид на молчење и за нив Розмери едноставно исчезнала – напишал Шрајвер.
Меѓутоа Тимоти пишува дека Розмери еднаш дури била во посета на семејната куќа но дека знаела да изговори само неколку зборови: Теди, јадење, бебе и Јунис (името на нејзината мајка).

Розмери починала на 7 јануари 2005 година на 86 години. Нејзините сестри Џин , Јунис и Патриша како и братот Теди се грижеле за неа до самиот крај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1