Откриена нова измама со храната – знаете ли што риби јадете?


Направеното истражување во познатата лабораторија Еурофинс во Хамбург, покажала дека речиси секоја трета риба која се продава во Европа, не е вистинската која што е наведена во декларацијата, туку поевтината риба се подметнува и се продава како поскапа.


riba mutantИмено цената на рибата на светскиот пазар расте поради намалување на уловените квоти, па индустријата пронаоѓа начини како да заштеди. На пример продаваат „kolja“ место бакарал, трипице место панирани лигњи, или пак бела туна преполна со масло.

Непознат е ризикот по здравјето на конзументите на ваквите риби. Како што е објаснето од страна на доктор Берт Пепинг од лабораторијата во Хамбург, во рибите кои се тестирани, пронајдени се елементи од заменети видови, кои досега се непознати и недоволно истражени во прехрамбениот ланец. Но, дури и да е секој здраствен ризик исклучен, потрошувачите се измамени.

Од што е направена шунката?
За жал, фалсификуваната храна успева во оваа доба на економска криза. Како што неодамна извести Европол, се проценува дека ЕУ активно работи на повеќе од 3600 организирани криминални групи кои перат пари со фалсификување на храната, преку проекти со производство на енергија од обновливи извори, собирање на отпадот и така натаму.

making-salami-whorouly-gallery Сепак, тука не станува збор за некое производство на храна во некоја си гаража, туку станува збор за добро воспоставен принцип на работа на бизнис, во кој се вклучени тимови и луѓе кои добро се разбираат во технологијата на производство на храна и низ чии раце минуваат стотина тони намирници, така добро спакувани и обработени, да инспекциите мораат и те како да се потрудат и потрошат пари за да би ја утврдиле фалс храната.
Фалсификувањето на храната се прави на повеќе начини, – на пример, маслиновото масло се разредува со обична нафта, во филтрираните чаеви се ставаат безвредни билки, зачините се мешаат со прехрамбени бои.

Како што наведува групата на експерти за „Хемиските и физикалните опасности за храната“, кога добро ќе се хемогенизира производот, кој се наоѓа во шунката, е невозможно да се утврди, од кој делови на трупот на месо се искористени истите. Со успешното користење на ензимските препарати, успешно може да се спојат парчињата свинско со говедско месо и тоа со различни делови на труповите и да се дојде до едноставна маса, која со додатокот на зачините, може да се продаде како подобар дел на трупот на свињата, од чиј бут може да се создаде шунка.

Посебна е приказната за медот. Медовите имено се разредуваат со фруктоза или гликозен сируп, но, ако се додаде хлорамфеникол, своевремено пронајден во мед во Кина и Индија, медот може да биде опасен по здравјето на човекот.
Понатаму костеното пире може да се додаде во варен и пасиран грав, кој поради додатокот на аромата и големата количина на шеќер, потрошувачот нема ни да примети. Лушпите од јастози во рестораните се полни со месо „Monkfish“, а „fileki“ односно „tripce“, кои можат да ги заменат зготвените лигњи. Јавна тајна е тоа да кај пилешките прсти масата се зголемува со вбризгување на вода.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1