Државната комисија ја откри најголемата тајна на поранешна Југославија, чувана 33 години на Јосип Броз Тито.
Имено, по неговата смрт, со одлука на претседателството на СФРЈ сите предмети кои биле во трезорот на Тито останале запечатени.
Сефот е отворен лани, а некои од драгоцените предмети се депонирани во народната банка на Србија.
Исто така во банката се предадени и предметите за кои се утврдило дека се на семејството Караѓорѓевиќ.
Според списокот до кој дојде српски Телеграф во сефот на Тито имало:
– речиси 30 килограми чисто злато,
– 2.663 златници и дукати,
– повеќе од 1.200 нумизматички пари,
– 26.219 американски долари,
– 36.000 германски марки,149 парчиња накит кои припаѓале на Караѓорѓевиќ,
– синиот сафир на Романови,
– 18 комплети сребрени сервиси и
– 83 копчиња за манжетни, кутии за цигари, медалјони, приврзоци и значки.