Откриена тајна фарма на бебиња: 1.000 фунти за продавање и замена на несаканите бебиња


По дојавата за синџирот на трговија на новороденчиња, во саботата полицијата ја претресла индијската болница „Палаш“. Случајот е покренат кога водството на установата го пријавила исчезнувањето на две деца.

Тајната „фарма на бебиња“ е откриена во Индија, каде несаканите новороденчиња се продавани за околу 1.000 фунти, јавува „Тајмс оф Индија“.bebe-porodiliste-1378756547-363903

Децата родени во вонбрачни заедници или како последица на силувањe, се продаваат во приватната болница за посвојување „Палаш“.
Покренато е обвинение против пет луѓе, вклучувајќи го директорот на болницата, кои се обвинети за купување и продавање на лица за ропство како и на малолетници за проституција.

Две новороденчиња се спасени во акцијата на полицијата, а три се продадени на двојки кои не можат да имаат деца, како што тврди локалната полиција.

– Бремените девојки им се обратиле на лекарите да ја прекинат бременоста, а тие ги убедувале за безбедно породување во тајност – рекол полициски службеник.

„Кога детето ќе се роди, мајката се отпушта од болницата, а болничките власти трагаат по совршени двојки кои ќе го купат новороденчето“, објаснуваат од полицијата.

– Загрижувачки е дека здравствените стручњаци, од кои се очекува да постапуваат во најдобар интерес на своите пациенти, се водени од финансиски бенефит. Трговијата со луѓето мора повеќекратно да се реши. Посвојувањето ќе мора да биде официјално во најдобар интерес за детето и родителите – рекле од меѓународното милосрдно друштво „Јена“.

Полицијата и понатаму трага по двојките кои ги купиле, но и продавале децата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1