ПОЧНА ПРОТЕСТОТ НА „ПРОТЕСТИРАМ“- кордон полиција меѓу двата протести


Протестот во организација на неформалната граѓанска иницијатива „Протестирам“почна пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство.

Демонстрантите бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство, итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов и итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни.bakli

Кордон полиција стои на раскрсницата на булеварот Климент Охридски, во чија близина се собираат граѓаните кои се приклучија на протестот во организација на Протестирам.

Засега се уште не се знае каде ќе се упатат граѓаните кои од 18 часот се собраа пред Специјалното јавно обвинителство, кои меѓу другото, бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов и повлекување на аболицијата. Групата граѓани во овој момент тргна кон седиштето на ЕУ, но и кај зградата „Нова Македонија“ има кордон полиција.

Од 19 часот, пак, пред Собранието на Македонија е закажан контра протест во организација на ГДОМ. Таму е поставена бина и се очекуваат неколку говорници.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1