Откриена тајната на девојчето што не се распаѓа – ги дрогирале децата па ги жртвувале (Видео)


Во древната цивилизација на Инките, децата кои биле избрани за жртвување, со месеци биле дрогирани со листови кока и им давале алкохол како дел од подготовките за смрт.

r-MAIDEN-INCA-MUMMY-large570Овој фрапантен и брутален факт е докажан од меѓународен тим на научници кои проучувале три мумии на деца стари 500 години кои во 1999-тата година биле пронајдени во близина на вулканот Лулаилако, висок 6739 метри, на границата помеѓу Чиле и Аргентина. Докажале според анализите на косата дека во телата на децата пред смртта имало големи количини на дрога и алкохол.

2inkeИнките верувале дека состојбата на опиеност води кон духовност. Благодарение на примероците од коса, научниците дошле до заклучок за тоа како Инките ги подготвувале децата за жртвените ритуали.

На мумијата од девојче старо 13 години, која е совршено сочувана имало најмногу траги. Научниците нашле листови кока меѓу нејзините заби и во устата – се претпоставува дека била одбрана за жртва околу 12 месеци претходно и како најстара најверојатно давал анајмногу отпор.

Свештениците чекале децата да паднат во бесознание па ги сместувале во гробницата. Ритуалот се викал capacocha.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1