Откриени тајните тунели во кои Хитлер сакал да развие нуклеарна бомба (Видео/Фото)


Во Австрија се откриени лавиринти од тунели кои и даваат делумно ново светло на тактиката на Хитлер за војување.

Откриен таен лавиринт од тунели за кои се верува дека биле користени од страна на нацистите, за во рамките на истите да се развие нуклеарна бомба. Објектот, кој зафаќа површна од 7.500 метри квадратни, бил пронајден минатата недела во близина на гратчето Сент Георген ан дер Гузен.

tunel hitler

Ископувањата започнале откако истражувачите откриле зголемено ниво на радијација во оваа област, што ги потврдило теориите за тоа дека Хитлер планирал да направи атомска бомба.


Режисерот на документарни филмови Андреас Сулкер, кој ја водел акцијата за ископување, изјавил дека веројатно станува збор за “најголемиот погон за производство на оружје во Третиот рајх”. Според првичните информации, веројатно станува збор за објект поврзан со подземната фабрика “B8 Bergkristal”, каде што бил создаден “Messerschmitt ME 262”, првиот оперативен млазен ловец. Но, постојат и траги кои наведуваат дека комплексот е поврзан и со концентрациониот логор “Mauthauzen-Guzen”.

tuneli-hitler-nkiv-01

Робовите на Хитлер биле приморани да ги изградат овие објекти, па така, повеќе од 320.000 затвореници работеле во нечовечки услови. Но, фабриката “B8 Bergkristal” била откриена веднаш по крајот на војната, додека овој комплекс откриен во Австрија очигледно бил многу подобро сокриен.

tuneli-hitler-nkiv-04
До откритието на овој комплекс дошло откако тим на истражувачи, составени од историчари и научници, собрале доволно доверливи информации од известувачките служби кои се затворени за јавноста. Тимот моментално работи на отстранување на слоевите земја и бетон со кои е затрупан тунелот, како и гранитните плочи со кои е затворен влезот.

Во досега пробиените тунели биле откриени многу шлемови кои што им припаѓале на војниците, како и бројни други предмети кои укажуваат на присуството на нацистичките власти на оваа локација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1