Откриено е колку плаќаат Севе и Розга за еден хит


Српските композитори Душан Бачиќ и Александра Милиќ полека го освојуваат и хрватскиот пазар. Не пишуваат само песни за Цеца или Лепа Брена, тие се повеќе творат и за познати хрватски пејачи.

– Песната„Цунами„ ќе ве освои од прва, ве тера на танцување а можеби и да се качите на маса – вели Јелена Розга за нејзината нова песна која е авторско дело на Душан Бачиќ.a1_723290S1-550x300

Овој 28 годишен композитор познат е по работата со Неда Украден и Северина, но и со Жељко Бебек, Црвена Јабука, Јасмин Ставрос и други. Буквално српските композитори прават дар-мар, но резултатот е сигурен хит. Се зборува дека една песна чини 7000 евра, а „Јутарњи лист“ пишува дека токму толку платила Северина за хитот „Тарапана“ кој буквално го растури Балканот и стана мега хит. Значи, секоја дадена пара вреди за секоја секунда од песната на Бачиќ. Според весникот, Северина уште пред пет години соработуваше со Александар Милиќ кога ја нарача песната „Лола“ а се зборува дека за последната песна платила 4000 евра. Од друга страна, дуетот со Саша Матиќ за само еден ден имаше над 780.000 прегледи, што јасно покажува дека…имаме хит ! Со тоа Северина го надминала и хитот кој и го напишале Филип Милетиќ и Милош Рогановиќ за синглот „Уно моменто“ за кој наводно платила 3000 евра.

severina

Песни нарачуваат и други хрватски пејачки, Нина Бадриќ, Маја Шупут, Мартина Врбос а песната чини во просек од 1000 до 4000 евра. Но не мислат сите така. Оние поупатените велат дека со ваквите нарачки се намалува и квалитетот на музиката и дека во последните години Хрватска станува прибежиште на ефтиниот турбо-поп.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1