Потомците на Хунзите тврдат дека се потомци на Александар Македонски што има влијание на Европјаните се повеќе да ја посетуваат долината на Хунзите и да истражуваат,
Постојат егзотични места на светот за кои не е тешко да се рече дека потсетуваат на рај. Едно такво место е долината на реката на Хунзите во северниот дел на Пакистан, на границата со Кина. Долината ја опкружуваат остри врвови и источните Хималаи, па поради својата позиција до пред 20 години кога е изградена карпата Карахоран, биле изолирани и кај нив доаѓале само истражувачите.
Поради положбата на климата во долината на реката на Хунзите во еден ден можат да се изменат сите годишни времиња. Ретко паѓа снег, но во зимата температурата знае да се спушти и до -10 степени Целзиусови. Народот кој ја населил долината се нарекува Хунзакути. Тоа се луѓе познати по едноставниот начин на живот и се занимаваат претежно со сточарство.
Нивната исхрана е нискокалорична диета која ја потврдуваат голем број стручни лица. Се согласуваат дека единствената вистинска превенција од болестите е поврзана со некаков облик на редукција на калориите.
Водата со која ги наводнуваат полињата која доаѓа од каналите, е од подножјето на глечерите. Тоа е вода богата со минерали, а матна бидејќи се меша со здробените карпи.
– Единствена храна која настанува со процесот на производството се путерот и сирењето од млекото. Потоа овошјето кое го сушат на сонцето и ветерот за да трае во зима.
Лебот од јачмен, просо и леќа се прави како тортилја и кратко се пече. Овој леб е неизоставна храна на Хунзите.Го прават од брашно настанато од целовитите зрна на просото и леќата. Лебот се прави од две чаши брашно кое го мелат помеѓу два камена за да биде помеко. За нашите прилики достојна замена е интегралното брашно. Брашното ќе се помеша со 1/4 лажичка сол, која претходно се исушила со зеленчукот (целер, морков…). Во смесата се додава половина чаша глацијално млеко или вода збогатена со минарали (никако збогатена со CO2). Во тестото не додаваат квасец, туку малку масло. Тестото го делат на топчиња кои ги размесуваат во облик на рамни палачинки и потсетува на мексичките тортички. Некогаш лебот жените го печеле на камен, а денес во метални садови. Го печат неколку минути. Модерните жени во смесата ставаат меласа, цимет и папаја.
Хунзите сакаат да зборуваат дека се потомци на Александар Македонски, па дури и во некои документарци на Јутјуб велат дека се повеќе слични на Балканците отколку на Азијатите. Се забележува светлата коса и светлите очи. Носиите наликуваат на старите Македонски.
Долината на Хунзите први ја откриле Британските војници во 1870 година, кога го откриле комплексниот состав за наводнување од околу 2500 метри. Зелената плодна долина која потсетува на рај, е во контраст со високите врвови на Каракорум кои се високи 7700 метри.
Потоа доаѓат Русите, настануваат недоразбирања, но победуваат Британците и целиот Кашмир останува во во сотавот на Британска Индија се до независноста на Пакистан во 1947 година.
Ханзакута денес има 30 до 40 илјади и се делат на три етнички групи: burushaski, shina и wakhi.Јазикот бурухашки, не е поврзан со ниеден друг познат јазик. Настојувањата на лингвистите да го поврзат со било кој друг јазик останаа неуспешни. За илустрација еве ги броевите од еден до десет: hin, aaltats, uusko, ualto, tsoondo, mishindo, taalo…
Primetime.mk.