Откриено: Еве кој е човекот монструм по кого е создаден Ханибал Лектор


Томас Харис, творецот на еден од највпечатливите негативци во историјата на книжевноста и кинематографијата, Ханибал Лектор, го откри името на човекот кој му послужил како инспирација за овој лик

2707Hannibal_LecterKанибалот и сериски убиец Ханибал Лекотoр од филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“ кого го глуми Ентони Хопкинс, со години ја фасцинира публиката. Убиецот кој е неверојатно интелигенен одамна се бара меѓу вистинските ликови. Уште во 1981 година читателите на романот сакаа да знаат, но по многу години, писателот Харис одлучи да ја открие вистината за тоа кој стои зад популарниот негативец.

Како 23 годишен новинар, тој во 1960-те години дошол во државниот затвор „Нуево Леон“ во Монтереј, во Мексико, за да го интервјуира Дајкс Ескју Симонс,  ментално болен човек, осуден на смрт заради убиство на три лица. Во таа прилика го запознал и лекарот и убиец „доктор Салазар“. Тој, наводно, му го спасил животот на Симонс, кога бил ранет при обид за бегство од затворот една година порано.

hanibal lektorВо предговорот на изданието на книгата „Кога јагнињата ќе стивнат“, објавена по повод 25-годишнината од премиерата на филмот, Харис опишува како чуварот го запознал со лекарот-убиец за да разговара со него за тоа како го излекувал Симонс.

Иако го нарекува „доктор Салазар“, Харис вели дека тоа не е неговото вистинско име. Додава дека нивниот разговор нагло добил морничав карактер, кога наводниот лекар почнал да му раскажува за разни начини на мачење и убивање на жртвите.

Дури кога Харис излегол од ординацијата дознал од директорот на затворот дека тој е повеќекратен убиец и оти никогаш нема да излезе на слобода. Разговорот со овој убиец му оставил огромен впечаток и со денови неможел да заборави на гнасотиите кои му ги кажувал – тогаш одлучил да ја напише книгата со негативецот Ханибал Лектор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1