Откриено каде водата за бањање е најчиста за туристите


На повеќе од 90% од туристичките дестинации во Европа, квалитетот на водата ги задоволува европските критериуми.

najcisto-banjanje-let-04Имено, во заедничкиот извештај на Европската комисија и Европската агенција за заштита на животната средина, наведено е дека според критериумите донесени во 2006 година, квалитетот на водата е задоволувачки во 94% од анализираните плажи. Квалитетот на водата е задоволувачки доколку во истата, процентот на микро-организми е во границите на она што е дозволено со овие европски прописи.

На дури 78% од туристичките одморалишта во Европа, квалитетот на водата е оценет како одличен, а минимум квалитет е забележан кај 2% помалку летни центри во споредба со минатата година, а утврдено е и дека квалитетот на водата во европските дестинации постојано се подобрува.

Сепак, остануваат уште многу активности кои што треба да се преземат за квалитетот на водата да биде загарантиран на сите плажи, вели европскиот комесар за животна средина, Јанез Поточник.Особено поволни за бањање се Кипар и Луксембург, каде што на сите 112, односно 11 туристички одморалишта, во овие две земји, забележан е одличен квалитет на водата.

Веднаш зад нив се Малта и Хрватска, каде што е анализирана водата од 87, односно 919 туристички места, а одличен квалитет на водата е забележан кај 97, односно 95% од местата.Следни се Грција, Германија, Португалија и Италија, каде што квалитетот на водата се движи помеѓу 85 и 93%.

Најмногу плажи на кои квалитетот на водата не е задоволувачки има во Белгија, Холандија и Велика Британија, каде што во процентот на плажи каде што не е препорачливо бањањето се движи од 6 до 13%. Дел од овие туристички одморалишта минатата година дури и биле затворени.

Tocka.com,mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1