Откриено „најстарото“ парче од нашата планета


Малиот кристал – циркон, пронајден во Австралија, официјално е најстарото парче од нашата планета, откако научниците користејќи две методи, констатирале дека е стар 4,4 милијарди годинa

zemjaВо текстот објавен во весникот „Нејчр Геосајенс“, тимот истражувачи наведува дека нивното откритие укажува на тоа дека Земјината кора се формирала релативно брзо по формирањето на самата планета.

-Раната Земја не била толку сурово место како што се мислеше порано- рече водачот на тимот Џон Вели, професор на Универзитетот во Висконсин.

Британски Гадијан, прецизира дека нашата планета се формирала пред 4,5 милијарди години, а ова откритие не значи дека ја добила кората прилично брзо- „само“ 100 милиони години подоцна. Староста на кристалот значи и тоа дека кората се појавила само 160 милиони години откако се формирал нашиот соларен систем.

Откритието ја подржува теоријата „ладна рана Земја“ на која температурите биле доволно ниски да постојат океаните, а можеби и животот во нив, порано отколку што се сеќаваме.

-Многу не интересиран прашањето кога Земјата станала погодно место за живот? Кога доволно се оладила за животот да може да се појави? Староста на овој кристал сугерира дека нашата планета можеби можела да го поддржи животот на мирко ниво пред 4,3 милијарди години, вели Вели.

Тој истакнува дека нема никакви докази дека животот тогаш навистина и постоел, но и дека нема никакви докази кои би укажале на тоа дека дефинитивно не постоел.

-Нема причини да кажеме дека пред 4,3 милијарди години живот, не можел да постои- додава тој.

Официјално најстариот фосилен остаток кој научниците го пронашле, стар е околу 3,4 милијарди години.

Цирконот кој би можел да го смени погледот на историјата на нашата планета, пронајден е на една фарма со овци во областа Џек Хилс во Австралија и е многу мал.

-Цирконите знаат да бидат големи и многу убави, но тие со кои работиме се мали и не премногу привлечни, освен за геолозите. Кога би го држеле во  рака, ако добро гледате, можеби би можеле да забележите со помош на квалитетна лупа- вели Вели.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1