Еден од најпознатите светски композитори и пијанисти Лудвиг Ван Бетовен претрпел тежок облик на тинитус кога имал 31 година, што со време довело до хронично, а подоцна и до целосно оштетување на слухот, пренесува „Дејли меил“.
Причината за тоа што Бетовен го изгубил слухот им се припишува на разни работи, од сифилис до труење, тифус и слично, но се работи за тинитус кој се дефинира со појавата „зуење во ушите“ кое го нарушува слухот.
Дека наглувоста на познатиот композитор и пијанист станала хронична укажува и фактот дека на премиерата на својата Девета симфонија морал да се сврти за да ја види реакцијата на публиката, која за изведбата на тоа ремек дело го наградила со бурен аплауз.
Тим на научници од Универзитетот во Јужна Каролина верува дека има конкретен одговор и смета дека причина за тоа е генот со назив „Нокс 3“, кој се наоѓа внатрешното уво, а кој е клучен во одредувањето на развојот на слухот.
Тој „неисправен ген“, сметаат научниците, може да ги објасни проблемите со слухот со кои се соочуваат и другите музичари, меѓу кои се и Ерик Клептон, Фил Колинс и Ози Озборн.
Се проценува дека во Велика Британија околу 18.000 луѓе страдаат од наглувост, а во САД тоа е една од најчестите болести поврзани со работата, а посебно се загрозени припадниците на вооружените сили.