Откриено – за мамурлакот е виновен сулфур диоксид во виното


Истражувачите ангажирани од страна на ЕУ го најдоа единствениот начин да се елиминира празничниот мамурлак после пиење вино, објавија од Европската комисија.

Vino RossoТајната е од овој пијалок да се отстрани хемискиот конзерванс што може да предизвика главоболки, па дури и напади на астма кај луѓето кои се чувствителни на тоа, пишува Ројтерс. сулфур диоксид е хемиско својство на природна база која го чува виното свежо ова го докажале многу експерти за вино и храна

– Европските истражувачи постигнаа напредок кон наоѓање алтернативи за додавање на сулфур диоксид во црвено вино и одредени видови храна, како што се сушено овошје – се вели во соопштението на Европската комисија, која овој проект, го започна во 2009. година и во кој се инвестирани три милиони евра .

Првите вино дегустатори кои, наместо на сулфур диоксид, додадоа два други природни екстракти, не почувствува никаква разлика во вкусот од стандарднито вино.

Ако во претстојните тестови , закажани за јануари, се добиат добри резултати ќе почне процесот на издавање на вино кој не предизвикува поспаност, изјави портпаролот на проектот, истакнувајќи дека терминот алтернатива екстракти останува мистерија за сега.

Share Button
Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1