Мирослав Матиќ (32) е уапсен поради сомнеж дека пред неколку дена го уби 41- годишниот Македонец Чира Тренески, таксист во компанијата „Пинк такси”.
Кај осомничениот е пронајдена автоматска пушка, со која, како што се претпоставува, во четвртокот вечерта е извршено двојно убиство.
Покрај Македонецот, кој работел како таксист во Белград, убиен е и 39- годишниот Мирослав Чворовиќ, кој застанал кога го видел такси- возилото на Тренески во канал.
-Според сите сознанија, Матиќ го убил таксистот со автоматска пушка затоа што немал пари да плати за возењето. Потоа го изрешетал и Чворовиќ, кој застанал со својата кола кога го видел заглавен такси-автомобилот во каналот. По злосторството тргнал кај сестра си, кај која дошол во посета. Таму ја сокрил автоматската пушка. Таа е пронајдена и дадена на вештачење. Се уште се трага по автомобилот марка „југо“, кој бил во сопственост на втората жртва, наведува соговорник за српски Курир.