Откриле дупка во хотелот – некој ги гледал цело време (Видео)


Канадски пар решил својата прва годишнина од бракот да ја прослави во Мексико, но во хотелот во кој престојувале ги чекало непријатно изненадување. Имено, тие во хотелската бања откриле дупка позади туш кабината од каде некој ги набљудувал гостите.

Дајвид Трасито и неговата сопруга Сара Едвардс ја откриле воајерската дупка во бањата на хотелот, во местото Плаја дел Кармен. За време на првото туширање Сара имала чудно чувство.

„Чувствував како некој да е позади мене. Чув нешто како отворање на врата, а потоа како таа се затвора“, рекла Сара за „NY Daily News“.

HOTEL dupka

Набрзо таа и сопругот откриле дека нивниот апартман се наоѓа покрај собата во која чистачите ја чуваат нивната опрема. Почнале да истражуваат и откриле дека има дупка во ѕидот на бањата и тоа покрај туш кабината.

Оној кој ги набљудувал гостите дури и ја истругал малку бојата на туш кабината за да може полесно да ги гледа луѓето што се тушираат. Дупката била направена така да од неа може да се гледа и креветот во апартманот. Парот за ова ја известил управата на хотелот, по што тие добила друга соба. Освен тоа, тие од хотелот добиле оштета, но сумата не е откриена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1