Отров на глава: Бојата за коса предизвикува рак


hair color 3

Милиони мажи и жени ширум светот користат фарба за коса која е полна со канцерогени супстанци. Повеќето фарби во себе содржат состојки кои сами по себе можеби и не се толку опасни, но кога ќе дојде до реакција со дим од цигари или други загадувачи во воздухот, лекарите тврдат дека тие се претвораат во вистинска темпирана бомба.

Колку што е познато, досега, не постои помоќна супстанца која предизвикува рак од оваа.

hair coloring2Со оглед на тоа дека секоја трета жена и секој десетти маж редовно ја фарбаат својата коса, експертите од британската компанија, „Green Chemicals“, сметаат дека е многу важно да се предупреди јавноста за ризиците и да се изнесат точните податоци за штетните материи во бојата, посбено оние за трајните фарби.

Тие предупредуваат дека хемикалиите се познати како секундарни амини, кои или се наоѓаат во готовите фарби за коса, или се наоѓаат во растворувачките бои, кои можат да останат во косата и кожата на главата со години по нанесувањето.

Со време секундарните амини реагираат на тутунот од цигарите и издувните гасови, со што се формираат изразити токсични соединенија наречени N- nitrozamini.

Поради тоа што е познато дека овие нитрантни соединенија предизвикуваат рак, тие со години се строго забранети во козметичката индустрија.

hair_dye380AFP

Но, не постои забрана да се користат секундарните амини, односно супстанци кои со проста реакција со честичките од воздухот можат да произведат N-nitrozamine.

„Во оваа фаза на истражувањето ние не можеме со сигурност да тврдиме која количина на N-nitrozamin може да се создаде со интеракција на состојките за боја на косата и реагенсите од воздухот, ниту пак колку се вистински здраствените ризици, но сигурно дека опасност постои.

Додека не се дојде до конкретни резултати, луѓето од козметичката иднустрија на прво место треба да и биде безбедноста на конзументите на нивните производи“, порачал еден од авторите на студијата професро Дејвид Луис.

hair_coloringЗасега е познато дека редовното фарбање на косата може да го зголеми ризикот од добивање на рак на дојката, бешиката, јајникот, а жените кои ја менуваат бојата на косата имаат 60% шанси да заболат од леукемија.

Така што се е поголем бројот на луѓе кои се алергични на состојките за боја на коса, а за жал, за некои од нив последиците се фатални.

Силното лоби на козметичката индустрија ги отфрла ваквите тврдења, затоа што произведувачите на боја за коса сметаат дека е доволно тоа што, за потенцијалните ризици за создавање на канцерогени материи, се знае одамна, но тие веруваат дека истите се минимални и дека треба да се игнорираат.
„На компаниите им е во интерес да овие информации ги држат под голема тајна“, тврди сопственикот на едена од најголемите ланци на фризерски салони на светот Џорџ Хамер.

БЕЗ ПАРДОН СКАНДАЛ: КАКО СЕ БЕГА ОД ЗАКОН – ПОРТАЛ ДОЛЖИ ПАРИ И СИ СЕ ПРЕКРСТИ
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1