Отровна змија искаса брачен пар во Црна Гора


Жена со иницијали С.Л.(44) е хоспитализирана во Клиничкиот центар во Подгорица, Црна Гора откако била гризната од поскок додека била на излет со семејството.Sarka-zmija

Нејзиниот сопруг кој исто така бил каснат од змијата бил пуштен на домашно лекување, откако добил медицинска помош.

Имале паника бидејќи не носеле серум со себе, затоа што немале блиска средба досега со отровна змија, а до најблиската болница имале половина час возење.

Поскокот прво го каснал сопругот, а потоа и С.Л. два пати во долниот дел на ногата.

Тие веднаш влегле во автомобилот  заминале до првата болница, од каде ги препратиле на Ургентен центар.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1