Во Делчево има повеќе бугарски отколку македонски пасоши


Во Делчево над 70% од населението има бугарски пасоши, но се зголемува и бројот на лицата со бугарски пасоши и во Пехчево и Берово, но и Виница, Кочани Штип. Сепак, најмногу бугарски пасоши се издадени на струмичани и охриѓани.
Делчевецот Делчо Гошев кој веќе 15 години посредува за вадење бугарски пасоши, вели дека интерес за бугарски пасоши од секогаш имало, објави ТВ Стар.bugarski pasos
„Најмногу се земаат пасоши од економски причини, но јас имам и луѓе кој се познати политичари, директори, лекари овде работаат, но сепак сакаат друг пасош и се свесни дека да се користата правата на дрига држава е благодетна работа“, изјави Делчо Гошев.
Од 60-90 илјади македонски граѓани добиле или се во процедура да добијат бугарски пасоши. Самата процедура за вадење пасош е 15 месеци и постапката чини околу 400 евра.
„Се е реално и исправно, некој што бараат повеќе пари не е коректно “, вали Гошев.
Дека бугарскиот пасош им ги отвора вратите за добра печалба во Европа, потврдува и делчевецот Тони Стојменовски кој годишно оди на работа во западно европските земји. Таму, ако работи на земјоделие зема од 60 до70 евра дневно, на градежништво дневницата му е 120-13о евра.
„Бугарскиот пасош претставува борба за опстанок, тој не е предавство туку едниствен опстанок во Македонија“, рече Тони Стоименовски
Официјална бројка колку Македонци имаат бугарски пасоши нема, а се шпекулира дека само лани се издадени 20 илјади бугарски пасоши на Макеодонци.
Инаку, приказната со бугарските пасоши почна пред десетина години кога земјава се’ уште немаше визна либерализација, а потоа економскиот момент ги натера Македонците да го докажуваат бугарското потекло за да дојдат добугарскиот пасош. –
televizijastar.com
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1