Отровни змии касаат во Македонија – дете и маж каснати во Велешко


Двајца завршиле во болница откако биле каснати од отровни змии за време на продолжениот празничен викенд. Во првиот случај каснато е 10 дете од Долно Јаболчиште, кое си играло на блиската ливада. Тоа е згрижено и неговата состојба е добра, пишуива Дневник.

zmiiВо вториот случај каснат е 27-годишник од Велес, кој го славел 1 Мај покрај реката Бабуна. Поради карактерот на каснувањето, тој е пренесен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

Познавачите на змиите-отровници посочуваат дека ги има во голем број во овој пролетен период, кога има бујна вегетација. Тие велат дека е потребно да се биде внимателен кога се престојува во природа.

Докторите велат дека е важно што поскоро да се даде серумот по каснувањето на змијата, кој во Заразното одделение до Болницата го имаат во потребните количини.

Дневник

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1