Отстранете ги гребаниците и направете го екранот на телефонот како нов


Совети и едноставни решенија со чија помош ќе ги отстраните гребаниците од екранот на вашиот телефон.smartphone-screen-600x337

Паста за заби

Ставете малку паста за заби (со големина на зрно грашок) на мека површина, по можност памучна крпа и со кружни движења, без премногу притисок, преминете преку местата на кои се појавиле ситни гребаници. Доколку гребаниците не сте успеале да ги отстраните, повторете ја постапката. Откако ќе ја завршите процедурата, исчистете го дисплејот со влажна крпа и отстранете го вишокот паста.

Паста за отстранување на автомобилски гребаници

Оваа паста можете да ја набавите во било која продавница за авто-козметика. Не се скапи, а лесно се нанесуваат (со мека крпа) на дисплејот на телефонот. Исто така, со помош на кружни движења обидете се да ја намалите длабочината и бројот на гребаници.

Сода бикарбона

Помешајте сода бикарбона во вода во размер: две третини сода бикарбона и една третина вода. Мешајте додека не се формира густа паста. Со мека крпа нанесете малку на дисплејот на телефонот и повторно со кружни движења поминувајте преку гребаниците. Вишокот паста отстранете го со влажна крпа и исполирајте го дисплејот.

Пудра за бебе

Функционира на ист начин како и сода бикарбоната, но е понежна со што нејзиното користење посебно се препорачува за површинските гребаници.

извор: Think.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1