Отворена истрага за групата со малолетничка порнографија „Јавна соба“


Бирото за јавна безбедност во координација со Јавното обвинителство трага по креаторите, кои создале група на „Телеграм“ за да се споделуваат експлицитни фотографии и видеа со порнографски елементи на малолетнички.

Групата се вика „Јавна соба“ и според А1ОН и Радио Слободна Европа кои ја открија злоупотребата, таму членуваат околу 7.300 лица.

  • „Да испратам апел до сите родители, чии што девојчиња биле изложени на таква содржина во таа група, да се обратат до центрите за социјална работа. Нашите стручни тимови стојат на располагање за психолошка помош и поддршка и советување. Исто така, ако се утврди дека и креаторите на групата се малолетници, центарот за социјална работа во соработка со МВР ќе си постапува во рамки на своите надлежности, а со Министерството за образование сме координирани и тие ќе си постапуваат преку своите стручни тимови во училиштата“, изјави Санела Шкриељ, Дополнителен заменик министер за труд и социјална политика, пренесе Алсат.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1