Нема простор за паника од корона вирусот – Од денес превентивни мерки


Простор за паника од корона вирусот во земјава не постои, но ќе се преземат превентивни мерки и ќе се скенираат со термална камера патниците на летовите од Истанубл и Дубаи, кои имаат вска со регионот во Кина каде е жариштето на овој вирус.

Ова е заклучокот на Комисијата за заразни болести, што денеска со соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

-Комисијата за заразни болести, по повод новите препораки на Светската здравствена организација за ширењето на корона вирус, кој веќе има епицентар во Вухан заклучи дека нема простор за паника. Ние немаме директна комуникација и директни летови со овој регион, тоа значи дека луѓето кои би дошле евентуално од таму се веќе неколкупати скенирани на другите аеродорми. Ние ќе преземеме мерки на превенција и веќе од утре за летови од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со овој регион во Кина, патниците ќе се скенираат со термална камера, изјави министерот.

Потеницра дека нашиот аеродром согласно последните евалуации е оценет на највисоко ниво и дека ги задоволува највисоките стандарди на детекција, рано препознавање и рана изолација доколку кај пацинетите потенцијални заразени се најдат вакви симптоми.

На аеродромот ќе бидат активирани и лекарски екипи кои ќе прават преглед. Минситерот посочува дека со оглед на тоа што е сезона на грип се очекува и многу лажни позитивни резултати и тие ќе бидат пуштени на домашно лекување. За луѓето, потенцијални пациенти, што доаѓаат од регионотна Кина, од регионот на Вухан, а кај кои може да се јават симпотми,министерот најави дека од утре ќе биде објавен телефонски број на кој може да се јават за да бидат понтаму насочени каде да се јават во нашиот здравствен систем, за да не се јавуваат по матични лекари и амбуланти со цел тој вирус доколку постои да не се прошири. Сите други пацинети кои имаат симпотми на грип ќе го пратат нормалниот процес од матичен лекар кон Инфективната клиника.

Министерот потенцира дека имаме алгоритам на делување за лекување потенцијално доколку треба изолација и каранти.Вели дека согласно досегашните постапки, има огромно искуство кај експертите епидемиолози, експети од областа на инфективната медицина во третманот на препознавање, превенција и рано откривање на овие пациенти кога беше случајот со епидемијата на ебола.

-Станува збор за вирус што дава многу слични симпотми на грипот. Може да помине со лесна средна форма, но и тешки форми како што еве веќе предизвикаа смрт кај пациенти заобоелни од овој вирус. Потенцирам дека тоа се пациенти кои се постари со намален имунитет и пациенти што имаат хронични заболувања, изјави министерот, кој потенцира дека во однос на пристигнувањето на вирусотпреку стоки епидемиолозите сметаат дека практично тоа е невозможно.

Доктор Жарко Караџоски, член на Комисијата, појасни дека кај оние кај кои ќе се покаже сомнение на повисока температура ќе имаат посебен третман, односно екипа од аеродромот ќе ги интервјуира во заштитна облека дали доаѓаат од Вухан или околината и доколку се покаже дека имаат било какава симптоматологија ќе бидат тргнати во изолација. Тие што немаат симпотамтологија ќе бидат упатени дома, но ќе им биде даден телефонски број и доколку има какво било зголемување на симптоматолигјата со респираторно заболување ќе се јават.

Доктор Жарко Караџоски уверува дека епидемиолошката служба е ставена во целосна приправност, Инфективната клиника со сите свои капацитети може да одговори на сегашниот предизвик, дека Министерството за здравство ќе направи свој придонес во делот на дистибуција, набавка и во доопремување на институции доколку се укаже потреба и оти минсиерот за здравство е во состојба да активира дополнителни екипи доколку се најде за потребно во овој момент.

Најважно, спроед него, е дека во моментов нема потреба од каква било паника. -На Балканот, истакнува, во ниту една држава нема сознанија дека има заболен од ова заболување, а слично како останатите држави кои се подготуваат за ова и ние ги правиме истите подоготовки и сме подедкаво во тек со сите, рече тој.

Посочи дека во моментов вакцина нема и дека тоа треба да го знае населението и дека најважна е превенцијата за заштита од овој вирус.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1