Ова е 266 Папа – Францис I (Фото)


Белиот чад над Сикстинската капела попладнево означи дека кардиналите го избрале 266-от поглавар на римокатоличката црква.

Кардиналот архиѓакон на Римската католичка црква, Жан-Луј Туран се појави на балконот на храмот на Свети Петар и ја кажА познатата латинска формулација „Habemus papam” (Го имаме папата) и објави дека нов викар на Христос е

Jorge Mario Bergoglio а папското име кое ќе го носи е Францис 1

nov papa

papa3

Тој е надбискуп на Буенос Аирес. Конзервативец. Се залага за социјална правда, живее во скромен стан и користи јавен превоз. Познат е по тоа што во 2001 година ги изми и ги бакна стапалата на пациенти заболени од СИДА.

Новизбраниот понтификат  се појави на прозорецот пред верниците изговарајќи го традиционалниот благослов „Urbi et Orbi” (На градот и светот).

Тој е првиот неевропски папа во период од 1300 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1