(ВИДЕО) На денешен ден е роден Петре Прличко


PetrePrlicko1907 година во Велес роден е доаенот на македонското глумиште Петре Прличко.

Неговата ненадмината актерска харизма остави неизбришива трага во македонскиот театар и филм од 20 век, се сметаше за легенда додека се уште беше жив.

Зад себе остави најмалјку 250 театрски ролји, 55 драмски режии, 50 драмски режии во патувачките театри, 32 улоги во долгометражни филмови како и 17 режии во куклени театри.

Своето филмско деби го имаше во “Фросина”, а за своја најзначајна улога ја сметал улогата во филомот “Мис Стоун” за која 1959 година во Пула ја добил наградата “Златна арена” за главна машка улога.

F-Petre-Prlicko-567x400

Од неодамна востановена е награда за животно дело „Петре Прличко“ која се доделува на актер од средната генерација и таа се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и соодветна парична награда.

Почина во Скопје 1995 година, но големите луѓе како него остануваат засекогаш врежани во колективната меморија на народот на кој му служеле.

Петре Прличко особено ги сакаше децата, затоа со неизмерна љубов играше во играната серија “Волшебното самарче”, серија со која генерации Македонци пораснаа гледајќи го него и неговиот внук Игор Џамбазов.

Извор – Бриф.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1