Ова е 4 год дете кое им се спротистави на терористите и го спаси семејството


4 god dete najrobiОна што започнало како вообичаено одење до трговскиот центар за 4 годишното британско момче Елиот Приор, за брзо време се претворило во ужасен кошмар кога неколку терористи кои се поврзуваат со Алкаеда, го започнале нападот во трговскиот центар во Најроби.

Откако видел како неговата мајка е погодена во ногата, момчето наместо да побегне и да се заштити, му се спротиставил на напаѓачот.

„Ти си луд човек, остави нè да си одиме“, му викало момчето на терористот.
Терористот престанал да пука, и му дал него и на неговата сестра Амели чоколадо. Додека бегале, Амбер, мајката на децата успеала да земи уште две дечиња со неа меѓу кои и едно 12 годишно момче кое било рането и чијашто мајка била убиена за време на нападот.

4 god dete najrobi2Зошто терористот ги пуштил? Џон Хол од „The Independent“ вели дека групата на терористи прашале дали има дечиња во трговскиот центар. Кога Амбер извикала дека има, терористите ја оставиле да си оди со семејството.

„Како што заминувале, терористот рекол дека џихадистите сакале само да убијат Кенијци и Американци, но не и Британци и ја молел Амбер да се преорентира како муслиманка. Исто така тој се извинувал: „Ве молам простете ми, ние не сме чудовишта“.
Во терористичкиот напад биле убиени 69 луѓе, а 65 луѓе биле хоспитализирани. Во период кога светот е шокиран од терористичкиот напад, убаво е да се слушне барем една херојска приказна, и уште поважно, приказна со добар крај.

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1