Ова е Босанецот кој го сними монструмот од Минхен: Неговата храброст ја „плати“ со куршум


Снимката од расправата на Али Сонболи со луѓето околу трговскиот центар ја снимил 20-годишниот Мерсад Нухановиќ, а неговото видео подоцна го презедоа сите светски медиуми.

Двајца Босанци кои живеат во Минхен, Мирсад и Невреша Нухановиќ, се повредени во нападот во Михнех, потврдиле членовите на нивното семејство.mersad

Станува збор за семејството кое со мобилен го снимаше напаѓачот од Минхен, додека тој се движел на кровот од трговскиот центар, каде и го изврши масакрто.

-Тој со својот мобилен го снимаше 18-годишниот иранец, кој на кровот се расправаше со еден Турчин, а тогаш почнал да пука кон нив, вели братучедот на Мирсад, Ифет Нухановиќ.

На снимката може да се слушне како луѓе се расправаат со убиецот, а потоа започнуваат да зборуваат на босанкси. Токму во тој момент, куршум ги погодува Мирсад и Невреша.

-Мерсад ја снимаше кавгата помеѓу напаѓачот и Турчинот. Но Турчинот не се гледа. Во еден момент, Турчинот му рече на напаѓачот „Ене, те снимаат“. И тогаш започна да пука кон нив, вели Ифет.

Истрелите удриле во ќошот на балконот па се одбиле во таткото на Мерсад, Мирсад и во неговата мајка Невреша.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1