Блажо Грковиќ од село Врба кај Гачко е името на храбриот 48-годишен Херцеговец кој задавил мечка со голи раце. Мечката го нападнала Блажо додека чувал овци и иако се здобил со неколку повреди, не е во животна опасност.
Грковиќ, кој сега се наоѓа во болница, во разговор за агенцијата Срна потврдил дека се чуствува подобро и дека дури сега е свесен што се случило.
За среќа го понесов секирчето со мене, кога ме нападна успеав еднаш да ја удрам. таа ме гризеше а јас ја удирав со тушаници, неколку пати раката ми беше во устата на мечката.
Ни сам не знам како ја совладав, ја држев за грклан, додека не падна – вели тој.
Откако со голи раце ја удавил мечката, Блажо успеал да го повика соседот Божидар Елез, кој пак повикал итна помош.