Ова е колегата кој во живо уби новинарка и снимател – Почина


Осомничениот за убиство на новинарката и снимателот на американската телевизиска мрежа Даблју-Ди-Би-Џеј Севн (WDBJ7), Вестер Фланаган, почина во болница во Вирџинија, објави „Вашингтон пост“, цитирајќи полициски извори.

Флананган (41) пукал во себе и се здобил со тешки повреди, по полициската потера покрената откако тој за време на интервју во живо отворил оган кон новинарката, снимателот и локалната функционерка, која ја интервјуирале.vester-flanagan

Полицијата во Вирџинија соопшти претходно дека за време на потерата осомничениот Фланаган доживеал сообраќајна несреќа, откако со автомобилот излетал од патот и е пронајден со прострелна рана.

Трагедијата се случила во трговскиот центар во местото Бедфорд, кога се слушнале пукотници од огнено оружје по што новинарите и нивните соговорници се обиделе да се скријат.

Телевизијата Даблју-Ди-Би-Џеј Севн (WDBJ7) јави дека е убиена новинарката Алисон Паркер (24) и камерманот Адам Ворд (27), а дека интервјуираната извршна директорка на стопанската комора на областа „Смит Маунтин Лејк“ Вики Гарднер е погодена во пределот на грбот и е хоспитализирана.NOVINARSNIMATELLL

Убиството буквално во живо беше прикажано на телевизијата, за која работеа новинарите. Додека репортерката ја интервјуирала Гарднер одекнаа најмалку осум истрели и камерата на нејзиниот колега паднала на земја. Таа продолжила да работи и ги снимила нозете на напаѓачот, како и последните врисоци на новинарите.

Фланаган, кој исто така работел во телевизијата како репортер една година користејќи го псведонимот Брис Вилијамс, претходно е отпуштен иако причините се уште не се познати.

Во текот на денот Фланаган на својот налог на Твитер под својот псевдоним ги објавил снимките на кои се гледа како на настраданите им приоѓа од зад грб и го насочува пиштолот кон нив.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1