Земјотрес ги стресе Охрид, Битола и Ресен


Земјотрес со интензитет од четири степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998 е почувствуван вечерва во јужните делови од Република Македонија, односно Охрид, Битола и Ресен, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.earthquake (1)

Земјотресот со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистран во 18 часот и 41 минути во соседна Грција, со епицентар околу 30 km јужно од Битола, односно околу 137 km јужно од Скопје, посочуваат макросеизмичките податоци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1