Јахтата има должина од 142 метри, јарболи високи дури 91 метар и чини 360 милиони евра.
Српската пејачка Александра во 2005 година се омажи за рускиот милијардер Андреј Мељниченко (43). Овој пар е сопственик на најскапата јахта во светот.
“Sailing Yacht A” има хибриден дизел електричен мотор, осум ката, подводна опсерваторија и може да прими 20 лица и 54 членови на екипажот. Дизајнирана е од страна на Французинот Филип Старк, а изградена е од страна на германското бродоградилиште “Нобискруг”.
Крстаречката брзина на оваа јахта изнесува 30 километри на час, додека максималната изнесува 38 километри на час. Кралската сина боја преовладува во ентериерот.