Предлогот за новата Влада, доставен до Собранието од мандатарот за премиер Никола Груевски пратениците треба да го изгласаат во рок од 15 дена, пишува Медиа.мк
Зоран Јолевски, главниот преговарач во спорот за името на Македонија во ОН и амбасадор на Македонија во САД, ќе го води министерството за одбрана.
Секторот образование им припадна на интегративците, министер ќе биде Абдулаким Адеми.
Измени има и во ресорот замјоделство – досегашниот министер Љупчо Димовски, ќе биде заменет од директорот на хидросистемот „Злетовица“, социјалистот Михаил Цветков.
Рокада има и во министерството за локална самоуправа каде во министерската фотелја ќе седне Лирим Шабани.
Своите министерски места ќе ги задржат Зоран Ставрески како вицепремиер и министер за финансии,
Гордана Јанкуловска во министерството за внатрешни работи,
Никола Попоски останува шеф на дипломатијата,
Никола Тодоров ќе го задржи министерството за здравство.
Диме Спасов го задржува ресорот за труд и социјална политика,
Иво Ивановски за информатичко оштество и администрација,
Миле Јанакиески за транспорт и врски.
На чело во култура останува и Елизабета Канческа – Милевска.
Нема промени и кај вицепремиерските места каде Владимир Пешевски, Муса Џафери и Фатмир Бесими остануваат потпретседатели на Влада.
Новите имиња во новата влада се и Аднан Јашари кој ќе биде министер за правда.
Бурхан Изаири пак, ќе биде министер за животна средина и просторно планирање.
Наместо досегашниот Ваљон Сарачини, со економија ќе раководи Беким Незири.
Министри без ресор се Веле Самак, Бил Павлески, Џери Наумов, Неждет Мустафа, Горан Мицковски, Висар Фида и Фурхан Чако. Наместо досегашните 5, новата Влада ќе има 7 министри без ресор.
Media.mk