Полицијата во вторникот на граничниот премин Брегана – Обрежје на излез од Хрватска фатила 29-годишен македонски државјанин над кој било спроведено криминалистичко истражување поради сомнеж дека извршил казнено дело неовластено производство и трговија со дрога, извести полицијата, пренесе Дневник.хр.
Со помош на куче за откривање дрога бил извршен граничен надзор, а бидејќи кучето позитивно реагирало на присутност на дрога во автомобилот, побаран бил налог за пребарување на возилото.
„За време на претрагата во конзолата пред совозачкото седиште пронајдени се 12 пакети со хероин со вкупна тежина од 6.3 килограми“, стои во полициското соопштение.
Со крим истрага е утврдено дека Македонецот, дрогата во Хрватска ја прошверцувал преку граничниот премин Бартовци – Бајаково, а хероинот бил наменет за западно-европскиот нарко пазар.
Македонецот е спроведен во притвор и против него е поднесена кривична пријава. Привремено му се одземени 755 евра, еден мобилен телефон и три сим картички.
„Вредноста на пронајдениот хероин во продажба на големо изнесува околу 1.4 милиони куни“, тврди полицијата.