РУСКА АТЛАНТИДА: Исплива градот потопен повеќе од половина век! (ВИДЕО)


Градот Молога во Јарославската област исплива од дното на реката Волга после 60 години, јави РИА Новости.

Градот Молога во областа Јарослава, кој беше потопен во ’40-те години од минатиот век, за време на изградбата на хидроелектраната Рубинск, „изнурна“ од длабочините поради падот на нивото на реката Волга.

mologa-700x352Темелите од куќите и збришаните улици стануваат видливи, а учесниците на годишното собирање на поранешните жители на Молога планираат да го посетат родниот град, заедно со своите потомци.

Молога, град подигнат на областа на конфлуенција на реките Молога и Волга, оддалечен 32 км од Рубинск и 120 км од Јарослава, оваа година би го прославил своето 865-годишно постоење.

Одлуката да се подигне хидроелектрана во Рубинск, донесена на 14 септември, 1935 година, доведе до ситуација градот да се најде на подрачје кое требаше да биде потопено во вода со цел да се зголеми продуктивноста на хидроелектраната.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1