Ова е првата 100% органска нација во светот


Малата хималајска земја Бутан служи како дом на 738,000 луѓе, речиси колку и населението на Аљаска. Но, оваа мала држава е на добар пат да го направи еден од најголемите прооргански потези во светот.


0c31ad78f463902d681d597f45e27f66Во јуни 2012 година во Рио+20 конференцијата за одржлив развој, премиерот на ова кралство Џигме Тхинли, најави дека планира да ги конвертира сите земјоделски земјишта во органски фарми.
Две третини од граѓаните на Бутан се земјоделци и многу од нив не можат да си дозволат синтетички ѓубрива и пестициди потребни во хемиското земјоделство. Многу малку од фармите се всушност сертифицирани како органски, но земјата има испратено голем број на фармери во Индија да учат за обработката на органската храна.
Големиот профит и самодоволноста се две од главните движечки сили за ваквиот потег. Земјата во моментов повќе увезува храна отколку што може да произведе, што значи дека земјоделците ги губат доста од вредните приходи. И соседна Индија се соочува со експоненцијалниот раст во побарувачката за органска храна.

organic-farms-320Потоа тука е прашањето на чиста вода. Една третина од граѓаните на Бутан добиваат вода од руралните извори кои лесно можат да бидат загадени со хемиските ѓубрива, а 6 од 10 деца кои живеат во руралните средини, страдаат од здраствени проблеми кои може да се таргетираат подари загадената и нехигиенска вода.
Ваквиот потег да сите фарми се конвертираат за да може да произведуваат органска храна најмногу е потткнат од желбата да се постигне „вкупна национална среќа“, која што претставува важна мерка за успех на бруто националниот производ.
„Главната причина зошто сакаме да ги мотивираме луѓето е дека тие можат да најдат среќа во услови на виталните заедници, појачани со потребата од независност, активен духовен живот, дневна хармонија со природата и другите живи суштества“, изјавил Тхинли.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1