Ова е Словенецот што ја објави снимката за „Рекет“


Денеска италијанскиот весник „Ла Верита“ објави снимка на која се гледа како Бојан Јовановски и Зоран Милевски земаат рекет од бизнисменот Орце Камчев.

Ларис Гаисер е авторот на статијата поткрепена со видео и аудиуо снимки.

Гаисер е роден во Птуј, Словенија, а во неговата биографија стои дека е геополитички аналитичар, менаџер и економски консултант. Тој особено аналитички ја следи состојбата во Македонија од 2016 година и свртува внимание на важноста од владеењето на правото.

Со диплома од геополитичка економија се стекнал на Универзитетот во Верона, а специјализирал на Политехничкиот универзитет Англија во Велика Британија и во ОН.

Реал политиката е неговата ориентација, а во анализите во фокусот се националните интереси како основа на надворешната политика и е поборник на демократијата како средство за регулирање на меѓународните односи во модерните времиња.

Гаисер, исто така, е советник на влади и на различни политички организации и е предавач на Универзитетот во Џорџија. Раководел со одделот за финансии на Евро-медитерантскиот универзитет – ЕМУНИ, во Порторож, а бил и советник со словенечкото МНР. Во 2015 година бил избран во претседателството на Паневропската унија со седиште во Стразбур.

Тој на својот Фејсбук профил напиша статус во кој вели дека ова е само прв дел од неговата истражувачка сторија.

Денеска во „ЛаВерита“ само првиот дел од мојата приказна, која докажува колку Европската унија, по поддршката за смена на режимот во Македонија, на начин со ограничување на нејзиниот суверенитет, се залагаше за воспоставување на Специјален Јавен Обивнител (Катица Јанева), која не само што илегално се меша во политиката, туку и ги рекетира луѓето! Мафијашки систем, кој работи директно под контрола на високопоставени политичари! Оние политичари, посакувани од ЕУ и од Сорос. Македонија има голем проблем на својот пат кон ЕУ… и ЕУ исто така! Могерини и ЈункеР се виновни за понижување на цела нација и за отворено поддржување се’ што е против нормалното владеење на правото, право толку гласно претендирано од Брисел! Во следните неколку денови ќе објавиме шокирачки документи кои искрено се надевам дека ќе и помогнат на Македонија да си го најде својот пат кон функционална демократија, се вели во статусот на Гајзер.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1