48-часовен притвор му е одреден на 66-годишниот Чедомир Ѓуриќ од селото Салаш, кој е осомничен дека ја убил 18-годишната Драгана Цириќ , која изчезна пред три дена. Српските медиуми пренеле дека додека Ѓуриќ ја превезувал Драгана, избила расправија во автомобилот, поради што во момент на нервоза, Чедомир ја задавил.
Во рамките на сослушувањето тој изјавил дека бил и љубоморен што Драгана се гледала со други момчиња, поради што сакала и да го остави. Српските медиуми неодамна направија прилог за овој човек, на тема „Процветаа јорговани“.