Бог да чува: Бараат затвор за Јанко и Миленко зошто други коментирале против Геј на фејсбук??


Коалицијата за сексуални и здравствени права и Хелсиншкиот комитет за човекови права, денеска поднесоа кривични пријави против Јанко Илковски и Неделко Миленковски за основано сомнение дека сториле сериозни кривични дела.

Во пријавите тие велат дека двајцата постирале вест (објавена на други медиуми) на своите фејсбук страници и бидејќи имало лоши коментари против Геј заедницата тие со тоа што не ги избришале направиле кривично дело и мора да бидат казнети.

janko-milenko

Според пријавата Јанко немал никаков коментар напишан кога ја постирал веста – ниту позитивен ниту негативен. Миленко пак во својот познат (некогаш дрзок и вулгарен речник) дал свое мислење кое многупати го кажал дека е против било каква промоција на Геј заедницата и дека тоа за него не е нормално туку е болест. Тоа е негово мислење, негов став. Исто како што и Геј заедницата има потполно право да се декларира како сака, зар никој нема право да не му се допаѓа тоа што тие го прокламираат???

Секаков вид на дискриминација, насилство и слично против ЛГБТ е недозволиви и е за осуда, но дали и спротивното мислење ( не делување, не повиици за насилство туку само мислење) е исто така забрането??  – тоа ли е пораката што ја испраќаат??

Во конкретните пријави  Јанко е на суд бидејќи други лица коментирале и промовирале насилство на неговиот фејсбук пост. Во пријавата се цитира и кој членови од законот според нив ги прекршиле како и казните предвидени за тоа.. За некои се предвидува казна од 1 до 5 години.

Еве што Јанко напиша на Фејсбук по повод пријавата.

„Лукави и отракани не поднеле кривична во суд туку обвинителството да се занимава со нас. Цвикатори! А баш сакав со нив да се судам па да видиме кој е во право и да се разобличат нивните стигматизации и лаги кон мене!

Секако најмногу ова го трпам само затоа што се залагм за верата, за семејтво, за многудетносемјство, затоа што ги почитувам традиционалните вредности. Оваа пријава е затоа што вие сте коментирале против нив. чекам да го видам доказниот матерјал што било на ТВ бидејќи не знам каква врска има телевизијата со фејсбук, но можеби они нешто знаат што ни Цукерберг не знае за фејсбук.“

Еве ја содржината на кривичните пријави:

JI-01JI-02 JI-03

MN-01MN-02MN-03MN-04

Фото – Плус Инфо

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1