ВИДЕО: Украдени луксузни автомобили наменети за новиот филм за Џејмс Бонд


Девет луксузни автомобили специјално изработени за снимањето на новиот филм за агентот 007, „Spectre“, биле украдени од хангар на „Ровер“ во германскиот град Дизелдорф.

Како што објави лондонски „Гардијан“, крадците на петте „Рејнџ Ровер Спот“ и на четирите луксузини лимузини, засега остануваат непознати. Изненадува што криминалците го оставиле моделот „Астон Мартин ДБ10“.

jamesbond-kola-540x320

Автомобилите деновите требало да бидат пренесени во австриската покарина Тирол, каде наскоро треба да започне снимањето 24-то продолжение на серијалот филмови за Џејмс Бонд.

Украдените возила се специјално изработени за да можат да ги издржат каскадесрските сцени во филмот. Нивната вкупна вредност изнесува околу 800.000 евра.

Кражбата на возилата би можела да доведе до одлагање на почетокот на снимањето на филмот, кој покрај во Тирол ќе се снима и во Лондон, Рим, Мексико и Мароко.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1