Ова е страшната вистина за пеколот кој однел 85 животи: Професорот открил како жртвите паднале во замката на смртта


Планот за градење во местото Мати на истокот на Атина, кое речиси целосно било уништено од шумските пожари минатите три дена, ги довел мештаните во “замката на смртта”, од која не можеле да излезат, вели Ефтимос Лекас, грчки професор по динамична тектоника и примена на геологија, нагласувајќи дека мал број на грчки градови се изградени на адекватен начин.

Анализирајќи го трагичниот резултат од пожарите кои во понеделникот ги зафатиле одморалиштата на брегот на источна Атика, тој навел 10 причини поради кои изгорела источна Атика.

Навел дека тоа се екстремни временски услови, силни удари на ветер, бризната на ширење на огнот, шумата која не била чиста, морфологијата на теренот која влијаела на брзото напредување на пожарот од запад кон исток, односно од планина кон море….

Меѓутоа, како одлучувачки фактор за ужасните размери на оваа трагедија и големиот број на настрадани, тој ја навел положбата на зградите и патиштата под авенијата Маратонос.

“Тој урбанистички план е замка на смртта, поради што голем број на жители и посетители останаа заглавени и заробени во местото. Планот има патишта кои не водат никаде, ќорсокаци и патишта кои водат до стрмни карпи над морето”, објаснил тој.

Споредувајќи го Мати со градот Мандра на западот на Атика, Лекас вели дека тие два случаи се слични, со тоа дека првиот бил уништен од пожари, а другиот од поплави, при што во урбанистичките планови не се водело сметка за опасностите кои би можеле да се појават.

Професорот укажува дека многу мал број на грчки градови се изградени на добар начин, посебно кога станува збор за безбедноста, а предупредува дека сега прашање е што може

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1