Ова е царството на Мишковиќ – Магнатот кој е уапсен за кражба на 30 милиони евра


Компанијата на Мишковиќ Delta е основана во 1991 со само 5 вработени, а сега има 24.000. Неговата деловна империја во правата половина на 2012 година, остварила приход од 39,1 милијарда динари.


Компанијата Делта холдинг на бизнисменот Мирослав Мишкоиќ, кој утрово беше задржан во полиција, поради сомнение на малверзација во приватизацијата на патаринската фирма, поседува пет големи компании, а има вработено околу 7200 луѓе. Членовите на Делта холдинг (Делта Недвижнини група, Делата Аграр група, Делта Дистрибуција, Делта Спорт и Делта Генерал Осигурување) се занимаваат со агробизнис, производство на храна, трговија на мало, извоз, увоз, застапување на странски компании, дистрибуција на стога за широка потрошувачка, продажба на автомобили, развој на недвижен имот, финансиски услуги и осигурување.
Според податоците на компанијата, во првата половина на оваа година остварените се 39,1 милијарди долари приходи, што е за 6,5 отсто повеќе отколку во истиот период од минатата година, плус профитот од 2,3 милијарди долари.  Во 2011 година, приходот од продажба изнесува 1,420,000,000 евра, (вклучувајќи ги и резултатите на Делта Макси Група за продажба, во јули 2011 година и белгиската група Делез). Проектираните приходи од продажбата за 2012 година изнесуваат 850 милиони евра.
Меѓу 100 најголеми компании во Адриа регионот (кој исто така покрај Србија ги опфаќа и Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина) Делта Холдинг во 2009 година била петта по големина компанија на ранг листата на изданието „Бизнис и финансии“.  Компанијата работи на пазарите во Србија, Босна, Црна Гора, Албанија и ЕУ, Русија и Швајцарија и е првата компанија во Србија која има инвестирано најмногу на пазарот во ЕУ.
„Делта Аграр“ има дистрибутивен центар за овошје и зеленчук во Русија. Во Црна Гора во Подгорица бил изграден трговски центар Делта Сити.  Делта Спорт компанијата е ексклузивен дистрибутер во регионот со Најк и има франшизни договори со Коста кофа за отворање на кафичи во поранешна Југославија и Албанија.
Мишковиќ ја основал компанијата Делта на 4 февруари 1991 година со пет вработени, од кои само четири биле обучени.
Делта во тоа време тргувала со овошје и зеленчук и производи од дрвната индустрија, а ги реализирала и првите договори со компаниите Најк и Зенека. Во 1991 година Мишковиќ ја основал и првата приватна банка – Делта банка.  Во периодот од 1994 до 1999 година, фирмата на Мишковиќ почнува да ги застапува италијански Фијат, швајцарската Нестле, компанијата Бајздорф и некои други странски фирми. Поради санкциите Србија, својот бизнис го шири и во Русија и Украина. Тогаш ја основал и Делта осигурување.
Од 2000 година Делта одлучува да излезе од работата со целулоза и капиталот од продажбата на Бајкалског целулозниот комбинат, го усмерува во инвестиции во Србија. Отворена е и првата „Макси“ продавница, а силно се развива и работата со недвижнините. Тогаш Делта компанијата има веќе 18,000 вработени.
Компанијата во 2003 година се преселува во сопствена деловна зграда во Нов Белград. Кога Делта банката е продадена на италијанска банкарска групација, Интеза капитал вложува во приватизација на националните компании, развојот на недвижниот имот, малопродажниот синџир на проширување, отворање на трговски центри…
Делта недвижности го изгради првиот трговски центар во Белград – Делта Сити, а наскоро и во Подгорица, додека во Белград, заедно со партнерските Хипи Алпе Адриа, за Универзијада 2009 година, ја изгради населбата Белвил.
Делта Макси ја прошири малопродажната мрежа и воведе нови продажни формати, а Делта осигурување го основува првиот пензиски фонд. Тука влегува и стратешкото партнерство со Џенерал групата, една од најголемите осигурителни компании во светот. Делта станува претставник на шпанска Зара, како и на сите брендови на индитекс во Европа.
Превземањето на Дета макси, малопродажниот ланец на Тропик излегува и на пазарот на БиХ, а ја отвора и својата прва продавница во Црна Гора, додека аквизицијата на малопродажниот ланец Пикадили 2007 година, го проширува својот бизнис во пазарот на ЕУ. Во 2008 година, Делта вработува 24,200 луѓе.
По продажбата на трговскиот ланец Макси на белгиски Делез, се смета дека вредноста на имотот на Делта компанијата била преполовена, а блиски соработници на Мишковиќ, најавија дека нивната фирма во наредниот период се повеќе ќе се освртува кон работните места во агробизнисот во земјата и странство. Делта продолжува со работата под раководство на Одборот на директори.
Делта холдинг соопштила денеска дека без оглед на приведување на сопственикот на компанијата Мирослав Мишковиќ, компанијата ќе продолжи со редовното работење во склоп со усвојувањето на петгодишниот стратешки план и дека со нејзиното делување ќе управува постоечкиот одбор на директори.
Компанијата наведува дека во текот на 22 години на работење немало ниту еден предмет на прекршок, а не пак некоја потешка постапка, се наведува во соопштението и изразуваат увереност и доверба во законитоста на делување на компанијата Делта холдинг и нејзиниот сопственик Миросав Мишковиќ.
„Во целост соработуваме со надлежните органи. Веруваме дека Србија е праведна држава и дека конечниот суд на официјални државни органи ќе биде донесен врз основа на факти, а не на фабрикувани скандали и пишувања по таблоидите“, се вели во соопштението.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1