Многу е веројатно дека Марко Јаковљевиќ е случајно убиени, а постариот брат на убиениот во полицијата сведочел дека тој бил завртен со грбот кога неговиот брат бил застрелан и дека тој сфатил што се случило кога неговиот брат јаукнал од болка.
Милош Јаковљевиќ (20), брат на убиениот Марко (16), како и двајца неговите врсници се чувани во притвор под сомнение за инволвираност во престрелката во која вчера околу 21:30 часот загина Марко Јаковљевиќ .
Малолетникот бил застрелан од пиштол – во грбот, куршумот поминал низ белите дробови и завршил во брадата по што починал на место.
Инцидентот се случил во дворот ОУ ” Милоје Васиќ ” во Сопот, каде што тој бил со неколку пријатели и две девојки.
– Тројца млади луѓе се уапсени и ги конфискувавмр нивните мобилни телефони, со цел да не се комуницираат и на тој начин да влијаат на истрагата.
Постои сомневање дека некои од младите е вмешан бидејќи раскажаа различна верзија во полицијата,, – вели извор на српските медиуми од полицијата.
Пиштолот е најден фрлен во блиската река.