Ова е убиецот кој во Тексас со сачмарка уби 10 лица – Пишувал дневник за убиството


Најмалку десет лица загинаа денеска, а десет други се ранети денеска, при напад во средно училиште во градот Санта Фе во Тексас, соопшти вечерва гувернерот на оваа американска сојузна држава Грег Абот.

Според Абот, станува збор за „еден од најгрозоморни напади во училиште што некогаш се случиле во историјата на Тексас“.

Локалниот полициски шериф Ед Гонзалес претходно соопшти дека „најголемиот број од убиените“ се ученици, Меѓу ранети при нападот, кои се пренесени в болница, е и еден полицаец.

Заменик-директорот на училиштето Крис Ричарсон изјави дека полицијата го уапсила „осомничениот за пукотниците“.Гонзалес од своја страна соопшти дека уапсениот напаѓач бил ученик во средното училиште, како и дека покрај него полицијата привела уште едно лице. Извор во полицијата, кој побарал анонимност, изјави дека напаѓачот е идентификуван како Димитриос Пагурцис, на возраст од 17 години. Тој бил вооружен со полуавтоматска пушка АР-15.

Пагурцис играл за училишниот фудбаклски тим, а бил челн и на фолклорната група при локалната грчка православна црква. Си-Би-Ес, повикувајќи се на изјави на очевидци, претходно јави дека нападот го извршил тинејџер облечен во црно, вооружен со сачмарка со скратена цевка.

Неколумина ученици за локалните медиуми изјавија дека пукотниците започнале откако во училиштето се вклучил алармот за пожар, но засега не е познато кој го активирал.

– Некој влезе со сачмарка и почна да пука – изјави една ученичка која во време на нападот била на час по уметност. Таа додаде дека видела една убиена девојка, која била погодена во ногата.

Инциднетот се случил набрзо по почетокот на наставата во училиштето.

Гонзалес информира и дека околу училиштето биле пронајдени сомнителни направи, за кои се претпоставува дека се експлозиавни. Во тек е операција на специјалните полициски тимови за нивно отстранување.Нема информации колку направи се пронајдени, а полицијата апелираше до граѓаните да пријават доколку забележат сомнителни предмети.

Мотивите за нападот засега не се познати.

Ученикот од Тексас, обвинет за нападот во средно училиште во градот Санта Фе во Тексас, Димитриос Пагурцис, за кој другарите велат дека бил мирен и повлечен, плановите за нападот ги опишувал во дневник, вклучувајќи и план да се самоубие, соопштија американските власти.

Покрај тоа, 17-годишниот Пагурцис на фејсбук објавил фотографија со кошула со натпис „роден да убива“.

– При вчерашниот напад, во кој беа убиени десет лица, претежно ученици, а десет други беа повредени, користел пушка и пиштол од својот татко, се додава во соопштението.

Засега не е познато дали татко му знаел дека син му го земал оружјето.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1