Ова е убиецот на Лука – познат криминалец, избегал во Турција


Српската полицијата го откри убиецот на 21-годишниот Лука Јовановиќ.

Осомничен за убиството е 33.годишниот Марко Миличев, а во моментов се наоѓа во Турција.

marko-milicev-ubica-lukМинистерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ, изјави дека Небојша веќе и е познат на полицијата за обид за убиство, за што бил и осуден во Србија на три години и шест месеци.

Миличев порано се презивал Марковиќ, но го променил презимето. Тој е познат криминалец кој неколку пати бил осудуван за различни дела, а постои сомнеж дека е поврзан со нарко група.

Овие информации денеска ги истакна српското МВР на прес-конференција.

Небојша на 25 јули го прегази младото момче на Бранков мост во Белград и избега од местото на кобниот настан како ништо да не се случило.

Нашиот другар ќе почива во мир дури кога ќе биде фатен неговиот убиец.

205813Вака другарите на 21-годишниот Лука со солзи во очите зборуваат за големата трагедија во која го загубија другарот.

– Од погребот на Лука не сум отишол на неговиот гроб. На гробот се заколнав дека ќе го најдеме убиецот.

Дури кога ќе го знаеме името и презимето на монструмот ќе отидеме на гробот на нашиот другар и ќе му кажеме дека го најдовме, вели неговиот другар Никола за српскиот Курир, момчето со кое Лука кобната ноќ ја туркал расипаната Лада кога на него налета криминалецот и го усмрти.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1