Ова е вистината за вонбрачниот син на Мирослав Илиќ


Пред извесно време во медиумите одекна веста дека фолкерот Мирослав Илиќ наводно има вонбрачен син Девен (29) во Америка, кој го добил со М.А. со која бил во врска додека бил на турнеја во Америка. За неговиот вонбрачен син веќе неколку години се зборува и пишува, а Мирослав никогаш не сакал да го запознае и да го признае.miroslav ilic

Фолкерот наводно пред повеќе од две децении отишол на турнеја во Америка, каде што, иако тогаш бил оженет, запознал згодна девојка. Двајцата се запознале на настапот во Њујорк преку заеднички пријатели и тоа било љубов на прв поглед, од која наводно се родил Девен.

Имено Девен никогаш немал прилика да го запознае својот биолошки татко. Бидејќи сите обиди на госпоѓата, која два три пати го барала Мирослав и се обидувала да разговара со него и да го убеди да го запознае синот, биле залудни. Илиќ е среќен во бракот, и за да го остави на мир, не сакал да го запознае синот. Популарниот пејач не сакал да слушне, а дури и да го признае својот „грев“ од младоста. Но со текот на годините желбата на Девен да го запознае својот татко станала се поголема, па ја притискал неговата мајка да му каже кој е неговиот татко, рекол извор за еден српски магазин.

-Ја познавам таа личност и морам да ве предупредам да бидете внимателни со психопати од тој вид. Ја нема во мојот живот дваесет години, а сега пак се појавува. Тоа момче не е мој син, тоа се нејзини измислици, рекол Мирослав.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1