Коинциденција или? Нападот на полицијата во Гошинце во ист час како 2001 во Теарце


Времето кога е извршен нападот врз полициската станица во Гошинце, 2 часот и 30 минути, коинцидира со времето кога пред 14 години беше извршен напад врз полициската станица во Теарце. Нападот, кој исто така беше извршен во 2 часот и 30 минути со два проектила и стана „уверира“ за конфликтната 2001 година, ја однесе првата жртва – полицаецот Момир Стојановски (30), а ранети беа полицајците Лика Јахи, Борче Ѓуровски и Давор Евросимовски, кој почина пред неколку години.

За надминување на ситуации кои можат да ги вратат немилите сцени од блиското минато, со апел денеска се огласи весникот на албански јазик, „Лајм“.uck ona uniforma

„’Лајм’ уште од поодамна најавува за можноста од формирање на вооружени албански структури кои би ја провоцирале полицијата, за да и даде повод да интервенира. За жал, инцидентот кој денеска се случил во село Гошинце, наликува како дел од такво сценарио. Поради ова, жителите на општина Липково треба итно да се организираат и да ги изолираат овие групи, пред евентуалната интервенција на полицијата, бидејќи потоа ќе настане хаос кој тешко дека може да се контролира“, се вели во апелот на „Лајм“.

Весникот ги повикува и државните институции во Косово да не дозволуваат злоупотреба на нивната граница и територија, бидејќи големи се шансите целта на овие групи да е создавање конфликт кој нема да им наштети само на Албанците во Македонија, туку и на имиџот на Косово како држава. Притоа, апелира и до преставниците на меѓународната заедница, да преземат се што е во нивна надлежност, за да не дозволат пред наши оќи да се случи инсцениран конфликт, чија цел може да биде бришење на трагите на валканите пари со човечка крв.

Поради влошената безбедносна ситуација, одложен е фудбалскиот натпревар помеѓу „Шкендија“ и „Вардар“, кој требаше да се одигра во Куманово.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1