Свештеникот од храмот „Св.Сава“ кој со семејството доживеа сообраќајна несреќа во Македонија е пренесен во Ургентниот центар во Белград.
Лекарите го советувале неговото семејство и пријатели да не му кажуваат дека покрај жената ги изгубил и децата.
Имено, свештеникот Радивоје Паниќ се наоѓа во тешка психичка состојба па дури вчера му било соопштено дека загинала неговата сопруга.
Со оглед на ситуацијата, лекарите советувале да не му се кажува за смртта на синот Никола и ќерката Симеона.
-Му кажавме за Тијана за да може да се организира погреб по негова желба а тој рече дека сака таа да биде погребана на гробиштата во Орловач, каде почива и мајка. Праша за децата, но лекарите рекоа да се премолчи таа вест, објаснува пријател на свештеникот.
Инаку погребот на Тијана, Никола и Симеона е закажан за денес во 15:30 часот.